Шведскиот ракометен стручњак Магнус Андерсон, го продолжи договорот со Порто до 2024 година. Соработката ја потврди португалскиот гигант на социјалните мрежи.

Тренерот на тимот за кој настапува македонскиот ракометен голман Никола Митревски, освои шампионска титула во првенството и Купот уште во дебитантската сезона. Поради тоа доби награда и ќе остане во екипата уште долго време.

Заедно со Андерсон, Порто стигна до завршниот турнир во ЕХФ Купот, а покажа дека знае да се надигрува со големите гиганти во Лигата на шампионите. Поради коронавирусот беше одложен нивниот дуел со Киелце. Како и во секој друг случај, сите членови на Киелце заминаа во карантин. В понеделник ќе бидат подложни на нови тестирања, по кои ќе се носи одлука за распоредот до крајот на годината.