Ана Севиќ го „помина“ тестот како водителка на „Ѕвездите на Гранд“: Откри како поминало првото снимање/ВИДЕО

1195

Првата емисија од шестото коло на „Ѕвездите на Гранд“ донесе големи промени, а вечерва по паузата, повторно на сцената се појави Ана Севиќ, но во улога на водителка.

Војо Недељковиќ на самиот почеток на шоуто излезе сам на сцената, ја поздрави публиката и Сања Кужет и и посака добредојде на новата колешка Ана Севиќ.

-До сите вас кои ја сакате „Ѕвездите на Гранд“, добровечер и добредојдовте. Не сакам кога сум сама на оваа сцена, некако научив да бидам во присуство на мојата драга колешка Сања Кужет. Сепак, таа влезе во блажена состојба, како што веќе слушнавте. За правилно да ја одржи оваа бременост до крај, таа привремено нѐ напушти, а ние упатуваме голем поздрав до нашата Сања“, започна Војо и продолжи:

„Сања го чека третото дете, а досега двапати се оствари како мајка. Таа се оствари и на оваа сцена и на натпреварувањето, а успеси постигна и како водителка во два формати на Гранд продукцијата. Задоволство и чест ми е да ве запознаам со мојата нова колешка до крајот на оваа сезона, Ана Севиќ Недељковиќ“, изјави Војo.

Ана потоа се качи на бината под аплауз од публиката, а со насмевка на лицето по неколкугодишна пауза ги поздрави сите верни гледачи.

„Добро вечер драги гледачи, добра вечер прекрасна публика, добра вечер на жирито и нашите ментори – рече Ана“, додека Војо ја поддржа новата колешка:

„Се запознавме кога зачекоривте на оваа сцена, бевте натпреварувачка, да не зборуваме на која возраст. Станавте мајка на три деца, но за да не збуните никого, сега сте и Недељковиќ“, се пошегува водителот во свој стил, додека Ана на истиот начин му одговори:

„Така е, сега имаш двајца Недељковиќ на сцената, малку ви беше еден. Војо, ти благодарам за прекрасниот пречек, ова е голема поддршка за мене. Овие прекрасни зборови ми значат многу“, кажа Севиќ.

Севиќ за порталот Србија Данас раскажа како ѝ поминало првото снимање на емисијата што моментално ја води.

– Оваа сабота за прв пат во животот ја гледав емисијата во која гостувам, или работам. Имав одлично чувство на снимањето и мислам дека се покажа затоа што кога сум таму се чувствувам како дома. Енергијата се излеваше од мене и едвај чекав да почнам да снимам и да уживам во секоја секунда. Многу ми е чудно што не разговарам со никого туку гледам во камерата. Имав поголема нервоза од натпреварувачите затоа што е многу чудно кога си дома четири години, во кои се случи и епидемијата со коронавирусот и никој никаде не одеше, а во меѓувреме забременив и родив две деца за две години. За мене тоа е огромна промена и морам да признаам дека излегов од мојата комфорна зона бидејќи се задушив во мојата семејна атмосфера“, изјави Ана, а потоа откри дека нејзините деца го гледале шоуто:

– Не ги вклучувам моите деца во мојата работа, ниту тие некогаш гледале емисија што сум ја водела, па им беше многу чудно. Симеон погледнуваше малку во телевизорот, па малку во мене, му беше интересно. Сена е тип на дете што те малтретира, не и се допадна тоа што не бев дома сите тие денови, па малку ја бојкотираше емисијата. Нѐ придружуваше мојот сопруг, ја гледавме премиерата во куќата и сите добро се забавувавме и уживавме.

Погледнете подетално во видеото подолу.