
Предводникот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Чаби Алонсо, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата тренерска кариера. Поголемиот дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека шпанскиот стручњак важи за прв фаворит кога е во прашање менаџерската позиција во редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, но Алонсо ја демантираше таквата информација и потврди дека ќе остане во Германија.