Автобус со туристи од Бугарија изгоре во Грција

115
Фото: ertnews.gr

Туристички автобус од Бугарија целосно изгоре на патот Сидирокастро-Капонофитос, на влезот на Капонофитос, објави грчката телевизија ЕРТ.

Пожарот настанал под непознати околности, а возачот веднаш го запрел возилото и ја известил противпожарната служба. Патниците безбедно се симнале од автобусот. Инаку, патниците со автобусот се упатиле кон пештерата Вознесение во Ахладохори, каде што се одржуваат верска прослава на празникот Вознесение Господово и

Петмина пожарникари со две противпожарни возила веднаш интервернирале и го изгаснале пожарот. Причините за пожарот се засега непознати.