EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Во полуфиналето на НБА-турнирот, Милвоки ќе игра против Индијана, а Лејкерс против Њу Орлеанс. На четврт-финалниот натпревар, Бакс славеше над Њујорк никс со 146:122 и во финишот на мечот беше изненаден Јанис Адетокумбо. Кога слушна во изјава на теренот дека секој од играчите што се пласирале во полуфиналето ќе инкасираат по 100.000 долари, тој остана без зборови.

Од неговата реакција, се чини дека не знаел за тој детаљ. Додуша, воведувањето на овој турнир е нешто ново од оваа сезона, па очигледно е дека не знаат сите како функционира, па ни најголемите ѕвезди во најсилната лига на светот.

  • Дали навистина добиваме пари сега?! Дали добиваме пари? Богатите стануваат сè побогати – истакна Јанис со насмевка.

Адетокумбо и неговиот тим, денеска во 23 часот по средноевропско време, ќе играат против Индијана, додека четири часа подоцна, Лејкерс и Пеликанс ќе го имаат својот дуел во Лас Вегас.