Автомобил изгоре пред Влада/ФОТО

232

Автомобил се запали и целосно изгоре пред Влада на булеварот Илинденска. Густиот чад се гледа од повеќе места низ Скопје.

На терен е полицијата и противпожарните возила кои моментално го гаснат пожарот.

Причините за пожарот се непознати, засега нема информации за повредени лица.