Авганистанка се подготвува да лета за бугарските авиокомпании

158

Првата жена пилот во авганистанската цивилна авијација е бегалка во Бугарија. Пет месеци откако побегнала од Авганистан поради талибанците на 23-годишната Мохадес Мирзаи и е одобрен постојан престој во Бугарија, јави БТВ.

Досега, како што јави дописникот на МИА од Софија, младата Авганистанка била без статус и документи, поради што не можела да се пријави за работа како пилот. На нејзиниот роденден, 17 август 2021 година, Мирзаи слета во Бугарија откако беше евакуирана од Кабул.

Таа си поставила цел повторно да биде во пилотската кабина за нејзиниот следен роденден, затоа што на небото таа се чувствува најсреќна.

Мирзаи е разделена од нејзиното семејство, мајка и и сестрите се евакуирани од Авганистан во Албанија.

Според Би-Би-Си Мирзаи, покрај тоа што е првата жена пилот во цивилната авијација на Авганистан, таа е една од 100-те највлијателни и најинспиративни жени во изминатите 12 месеци.