Граничната полиција од југозападниот дел годинава спречи 123 илегални преминувања

87

Регионалниот центар за гранични работи – Запад годинава се соочи со големи предизвици поттикнати од пандемијата со Ковид-19. И покрај овој факт, како резултат на добрата подготвеност, преземените мерки и активности, бележи значајни резултати што ги потврдуваат остварувањата во тековната година, кога се издадени 1.572 изјави и наредби за самоизолација, запленети 273 килограми марихуана и други, изјави портпаролот Мерлина П. Ислами.

-При контрола на патниците, согласно препораките на Владата беа издадени вкупно 1.572 изјави и наредби на лица за самоизолација, а откриени се 24 сторители кои приложиле 20 фалсификувани ПЦР тестови, четири фалсификувани сертификати за извршена вакцинација. При извршување на задачите посебно внимание се посвети во откривање и спречување на прекуграничниот криминал и илегалната миграција. Запленети се 273 килограми марихуана како и поголема количина акцизна стока и друга разновидна стока која била предмет на нелегална трговија, истакна портпаролот Мерлина П. Ислами.

Потсети дека на овој дел на земјава откриени се и спречени поголем број мигранти од Азија, Африка и соседството.

-Во делот на миграцијата при илегално преминување откриени се и спречени 128 лица, најголемиот број албански државјани, додека 26 лица се мигранти од Индија, Сирија, Пакистан и Мароко. За сите констатирани нелегални активности, Регионалниот центар за гранични работи-Запад презема соодветни законски мерки, додава Ислами.