Паркингот на Водно викендов го искористиле 245 возила

68

Паркингот на Водно во текот на овој викенд го искористиле 245 возила, според бројот на испратени СМС-пораки.

– Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира – информираат од Град Скопје.