Филмот ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, сценарио, најдобар актер, монтажа, како и наградата од публиката. Остварувањето на Унковски било во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет. „Апулија Филм Фестивал“, на своето прво издание, се одржа на 6 и 7 август во Мезање (Mesagne) Италија. „Станува збор за фестивал за краток филм на кој бараме филмови кои покажуваат страст, храброст и квалитет, особено од млади автори“, посочуваат организаторите на веб страницата на фестивалот

Kраткиот македонски филм „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски, освои шест награди на првото издание на Фестивалот на краткометражен филм „Апулија филм фестивал“ (Apulia Film Fest) во Италија.

„Налепница“ ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, сценарио, најдобар актер, монтажа, како и наградата од публиката. Филмот на Унковски бил во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет.

„Апулија Филм Фестивал“, на своето прво издание, се одржа на 6 и 7 август во Мезање (Mesagne) Италија. „Станува збор за фестивал за краток филм на кој бараме филмови кои покажуваат страст, храброст и квалитет, особено од млади автори“, посочуваат организаторите на веб страницата на фестивалот.

Да потсетиме, премиерата на филмот „Налепница“, што е во продукција на „Cinema Futura“, се одржа во септември 2019 година во киното „Фросина“. Филмот жанровски е црна комедија, во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

Главната улога во филмот ја толкува Сашко Коцев, а покрај него настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевки. Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, a костимите на Розa Трајческа. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски.

Филмот се снимал 6 дена на повеќе локации низ Скопје.

Во јануари годинава, „Налепница“, во селекцијата „Интернационални кратки филмови“ се прикажа и на престижниот фестивал за независен филм „Санденс“ во Јута, САД. Филмот доби и награда за најдобар краток филм на Бруклин филм фестивалот, како и награда во Словачка.

Авторот Георги М. Унковски, е роден 1988 година, во Њујорк. Студирал фотографија на Институтот за технологија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на FAMU во Прага, Република Чешка.