Тежок противник за Силекс во ЛШ

27

Македонскиот претставник во квалификациите од фудбалската Лига на шампиони, тимот на Силекс, доколку го елиминира шампионот на Азербејџан, Карабах, во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот Шериф Тираспол (Молдавија) и Фола Еш (Луксембург).

Во 1. коло Силекс на гости ќе игра со Карабах на 18/19 август.

Ако кратовчани го елиминираат азербејџанскиот тим, во 2. коло би требало да бидат домаќини. Овој меч ќе се игра на 25 или 26 август. Вака одлучи денешнаат ждрепка во седиштето на УЕФА, Нион.