Оштетена урбана опрема во дворот на ООУ „Живко Брајковски“

82

Од Општината Бутел информираат дека е оштетена инклузивна справа од новоизграденото детско инклузивно игралиште во дворот на ООУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.

– Справата е насилно извадена и однесена од страна на непознати сторители. Вредноста на штетата изнесува преку 60.000,00 денари. Во тек е истражна постапка од надлежните органи за пронаоѓање на сторителите. Во текот на една недела во дворот на истото училиште се случи и обид за кражба на новопосадените зимзелени дрвја од хортикултурното уредување на дворот. Истата заврши неуспешно благодарение на вработените во училиштето- соопштуваат од локалната самоуправа.
Ваквите случаи на оштетување и уништување на инфраструктурните проекти наменети за најмладите граѓани, Општина Бутел најостро ги осудува и иствремено апелира за подигање на јавната свест со цел зачувување на опшествениот имот.