Поранешниот светски тениски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал ја прифати поканата да одигра егзибиционен натпревар на отоварањето на реновираниот стадион на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрис – „Сантијаго Бернабеу“

Шпанските медиуми пишуваат дека идејата е да се одигра тениски спектакл на кој ќе биде урнат рекордот по бројот на посерители, но сето тоа би се случило кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот. Се очекува на реновираниот стадиот на „Кралевите“ да присувствуваат 81.000 гледачи, колку што може да прими полниот капацитет на стадионот.

Иако на прв поглед се претпоставиваше дека првиот рекет на Шпанија, Надал, кој воедно е и голем навивач на Реал, ќе сака да го одигра егзибициониот меч со Новак Ѓоковиќ, сепак тоа нема да се случи, бидејќи прва опција е Швајварецот Роже Федерер. Доколку Швајцарецот ја одбие поканата, тогаш опција – Б е светскиот рекет број еден Ѓоковиќ.

Сепак, тешко за верување е дека Федерер ќе одбие ваква покана, бидејќи покрај тоа што е добар пријател со Надал, ова е можност одлично да заработи од маркетинг. Доколку се остварат плановите, тоа ќе биде најгледан тениски натпревар во историјата. Надал и Федерер го држат и претходниот рекорд кога во Кејптаун (Јужна Африка) играа пред 51.954 навивачи.

Новиот стадион на Реал Мадрид би требало да биде завршен во септември 2022 година, а цената на реновирањето е поголема од 400.000.000 евра.