Синот на легендарниот шведски тенисер Бјорн Борг, Лео по се изгледа не наследил ниту трошка од талантот на својот татко, бидејќи во својата куса кариера нема забележано ниедна победа.

Лео неодамна играше на квалификации за АТП-турнирот во Марбела, а таму учество во квалификациите обезбеди со покана по што експресно го заврши настапот. Успеа да освои само еден гем во мечот кој траеше 51 минута, а загуби од 128-от тенисер на светот Евгениј Донској. Една недела претходно играше на Челинџер, а и таму испадна во – првото коло. Даниел Тара го победи експресно со три загубени гема 6:1, 6:2.

Борг јуниор нема победа во кариерата, досега има десет мечеви и десет порази, а најголем успех му е освоен сет, единствен досега против Асрави Амра, 1.475-от тенисер на светот.

Воопшто не ми е пријатно да зборуваат за мене како син на легендарниот Бјорг. Сакам да зборуваат само за мене и мојот тенис. Подготвен сум за АТП ниво, знам дека можам да играм добро и сакам да се натпреварувам со најдобрите тенисери на денешницата. Не чувствувам притисок, па сакам само да одиграм најдобро што можам, вели Лео.

Неговиот татко има вкупно 63 трофеи, од кои 11 грен слеми и важи за еден од најголемите во историјата на тениската игра.