СЗО сè уште не ја поддржува идејата за воведување „ковид пасоши“

64

Светската здравствена организација (СЗО) не го поддржува барањето за „ковид пасоши“ за пристап до различни земји и институции поради несигурност дали вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, како и стравувањата од нееднаквост, изјави портпарол на организацијата.

Британската Лабуристичка партија предупреди дека „ковид потврдите“, според кои луѓето треба да докажат дека се вакцинирани за да влезат во продавници, угостителски објекти и други затворени и јавни места, можат да бидат „дискриминаторски“. Лидерот на партијата Кир Стармер изјави дека е подготвен да гласа против мерките, пишува Гардијан.

– СЗО моментно ги разгледува кинеските вакцини Синофарм и Синовак за можна итна употреба кон крајот на април, бидејќи се потребни повеќе податоци, додаде портпаролката на СЗО, Маргарет Харис за време на брифингот.