Книга: „Сите наши тела“ – совршена за кратки медитации

89

Расказите „Сите наши тела“ на Георги Господинов можат слободно да се именуваат како микрораскази.

Кратки, секавични, налик на едноминутните новели на Иштван Еркењ и приказните на Хармс, Господинов успева да вметне максимум информација во минимум јазичен простор. Ниту еден од овие стотина раскази не е здодевен, изнасилен, банален или „залудно испукан куршум“. Варираат според темите што ги покриваат. Самиот Господинов верува дека во време кога веќе не постојат големи нарации во книжевноста, а долгите говори се сведуваат на кафеанско дрдорење или малограѓански озборувања, една ваква книга е повеќе од потребна за да ни овозможи да го комбинираме литературниот вкус и уметничкиот слободен термин во секојдневниот набиен распоред на работа и тривијални обврски.

Овие микрораскази се совршена лектира додека го чекаме утринскиот автобус, додека чекаме да нè повикаат на шалтер во банка и додека ја чекаме девојката или дечкото во преполното кафуле. Совршена книга за кратки медитации.