Вечерва во 19 часот во Кино Култура во Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии на фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР и порталот Vecer.press, Ѕвонко Плавевски насловена „Скопје стрит лајф“.
Изложбата е во рамките на третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“, во организација на издавачката куќа Бегемот што ќе трае од 24 до 26 јануари 2020 година.
Ова е дел од она што ќе можете да го погледате на изложбата:
Дедо и внук фото: Ѕ. Плавевски
Љубов фото: Ѕ. Плавевски
Кебапи во лет фото: Ѕ. Плавевски
Без наслов фото: Ѕ. Плавевски
Без наслов фото: Ѕ. Плавевски
„ArtArea“ цели кон воспоставување жива платформа за поврзување и дијалог меѓу авторите во различните културни домени и тенденции, спојувајќи ги во богата културна програма за време на три фестивалски дена.
Истовремено, програмата сака да овозможи средба и спојување на сегментираната публика што ја генерираат прилично атомизираните области на културата.
Фестивалската заложба е да се обогати, но и да се преиспита значењето на современите културни практики.
Со ова, проектот како свои клучни приоритети ги поставува културната интегративност и творечката интермедијалност, кои се покажуваат како нужни предуслови за развивање новаторска, богата и добро вмрежена култура.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје.