Во САД се спремаат пожестоки ограничувања за цигарите, паѓаат акциите на тутунските компании

65

Властите во САД размислуваат да ја ограничат количината на никотин во цигарите што се нудат на америкаснкиот пазар и тоа до ниво кое нема да може да создава зависност, исто така, наскоро се забрануваат и цигарите со вкус на ментол, јави весникот Волстрит журнал. 

Одлуката да се забрани ментолот во цигарите треба да биде донесена до 29 април.  

Инфорамција за ова ги турна цените на акциите на тутунските компании. Така, акциите на Altria поефтинија за 6 отсто, и на уште допoлнителни 2 отсто на електрoнските тргувања во Њујорк. Капитализацијата на компанијата со тоа се намали за 6 милијарди долари. Ациите на British American Tobacco и Imperial Brands на тргувањата во Лондон поефтинија за 7.3 проценти.  Единтвенен произведувач на тутунски производи кој не настрада е команијата 22nd Century Group. Таа изработува цигари со намалена содржина на никотин. И нејзините акции, напртив, поскеапа за 11 отсто на берзата во Њујорк. 

Американската Управа за храна и лекови, регулатор што ја надледува и тутунската индуструја, донесе одлука за намалување на никотинот во цигарите до ниво од кое не се стекнува зависност. Со ова, милиони американски пушачи ќе бидат принудени или да се откажат од пушењето или да преминат на помалку штетни производи како тутун за џвакање, никотинснки таблети или еелектронски цигари.  

Забраната на ментолот пак е со цел младите да се обесхрабрат да станат пушачи, бидејќи оваа штетна навика многумина ја започнуваат со пушење на електронски цигари со ментол. Овие политики против пушењето нема да се реализираат преку ноќ туку ќе бидат потребни години, коментира весникот. /МИА