Ако одите на Косово плаќање во „кеш“ само со евра

ОД 12 МАЈ

44

Сите трансакции во готовина на Косово од вчера се исклучиво во евра. На 12 мај заврши преодниот рок од три месеци што го одреди Централната банка на Косово во кој не беа изрекувани казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање.

Кон сите оние кои за готовински трансакции и натаму користат други валути освен евра ќе бидат преземени санкции.

– Другите валути освен еврото можат да се користат во Косово како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евро и за девизни активности – се вели во декретот на Централната банка на Косово.

Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добиле инструкции да отворат нови филијали на северот.