Тајван рано утринава го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот во последните 25 години. Според досегашните информации, најмалку четири лица загинале, а повеќе од 50 се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри јужно од градот Хуалиен.
Земјотресот предизвика свлечишта, 26 згради се урнаа, патишта се оштетени, а некои делови останаа без струја.
На социјалните мрежи се појавија видеа од земјотресот.
7.4 Taiwan pic.twitter.com/6Frmvu2T57
— Mia Riri (@_Mia_Riri_) April 3, 2024
На друго објавено видео се гледа човек кој во моментот на земјотресот бил во базенот.
Visuals of a Swimming Pool when the 7.4 earthquake hit Taiwan. #earthquake #Taiwan #Tsunami pic.twitter.com/YsBgfO9e2g
— Aajiz Gayoor (@AajizGayoor) April 3, 2024
Повеќе од 80.000 домаќинства се без струја, а спасувачките операции се уште се во тек.
STRONGEST #earthquake IN 25 YEARS HIT #Taiwan #Japan. MASSIVE DESTRUCTION REPORTED EVERYWHERE💔 #Tsunami IS APPROACHING TOO.
This is a reminder of how life is so temporary. Prayers for them 💔 pic.twitter.com/6YKAYqSFMi— Shehryar Sajid Khan (@Sskwrites) April 3, 2024
Последователни потреси – од кои еден со јачина од 6,5 степени – беа почувствувани и во Тајпеј, каде метрото накратко престана да работи, но сообраќајот подоцна беше обновен. Според Ројтерс, земјотресот бил почувствуван се до Шангај.
Јапонската метеоролошка служба првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,7 степени. Издадено е предупредување за цунами. Се очекуваше бранови до три метри да стигнат до делови од југозападниот брег на Јапонија, но само помали бранови стигнаа до некои острови.