Вујкото на Данка за првпат во медиумите ги изрази своите сомнежи за исчезнувањето на внуката

8019
Фото: screenshot video Nova.rs

Стефан Драгомировиќ, братот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ од Бор, првпат проговори за медиумите во многу тежок момент за неговото семејство.

Неговата сестра се уште е во полиција, поради што е загрижен.

„Загрижен сум што Ивана ја држат толку долго, но се тешам што нејзините изјави се највалидни бидејќи последна ја виде Данка, односно и исчезна од нејзиниот видокруг“, вели вујкото на Данка.

Во средата и четвртокот Ивана ноќта ја поминала кај својот брат бидејќи полицијата поради истрага ја одвоила од сопругот Милош, таткото на Данка.

– Таа беше уништена и плачеше и ми рече дека не може да спие цела ноќ. Морав да работам и покрај се. Бев во рудникот – вели Стефан.

„Јас и моето семејство немаме што да криеме, но додека го бараме детето, а полицијата ги истражува сите околности, не сме во позиција да примаме новинари во куќата. Особено ни пречи што се обидуваат да влезат во куќата кај моите деца и да ги изложат на дополнителен стрес“, вели тој.

Тој раскажува што му кажала неговата сестра Ивана за исчезнувањето на нејзината ќерка.

„Ивана тој ден отшла со Лазо и Данка на плацот, каде што не доаѓа толку често како јас. Дојде затоа што е на одмор и беше убав ден за да можат децата да поминат време на чист воздух. Ги гледала децата како си играат на плацот, каде што бил паркиран нејзиниот автомобил. Лазо побарал вода за пиење, а Ивана, бидејќи водата во куќата е затворена за да не замрзнува во чешмите или цевките во текот на зимата, отишла до автомобилот да земе вода и му дала на Лазо да се напие. Погледнала каде е Данка, но не ја видела. Мислела дека таа е некаде позади, зад дрвата, кои биле толку набиени што од автомобилот во кој била Ивана не можела да има поглед на тој дел. Бидејќи не била таму, мислела дека отишла во шумата зад плацот. И потрагата започнува тогаш, па агонијата која се уште трае“, раскажува вујкото на Данк.

Бидејќи е вознемирен и збунет за целата ситуација, тој ги разгледува сите можности во неговата глава. Тој се сомнева дека девокчето е киднапирано.

„Можно е некој да тргнал по Ивана и нејзините деца до Бањско поле и да го искористил моментот и да го грабнал детето“, вели Стефан.

Иако душата го боли, развојот на ситуацијата го натера да размисли за можноста родителите или мајката да му направиле нешто на детето.

„Мислам дека Ивана не е способна за такво нешто и не можам да замислам дека знае каде исчезна Данка“, посочува вујкото и раскажува што му кажала сестра му.

„Верувам дека Ивана ја кажува вистината бидејќи нејзината изјава се совпаѓа со ситуацијата во која се нашла со оглед на тоа што шишето со вода било во совозачката врата. И точно е дека таа не можеше да има поглед на Данка од набиените дрва“. изјави тој за Република.