Шпанскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Дани Олмо, е најновата желба на раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи, открија британските медиуми. Истите тие тврдат дека на почетокот од летниот преоден рок „сините“ ќе испратат официјална понуда за офанзивниот играч за врска и истата нема да биде помала од 70 мил. фунти.