Таткото на Анѓелина Аќимовиќ, Анѓелко, како и татковците на Андријана Дукиќ-Дане Дуиќиќ и Мара Анѓелковиќ – Бранко Анѓелковиќ, ја напуштија судницата на Вишиот суд во Белград, каде што сведочеше мајката на момчето убиец кој на 3 мај минатата година ги уби нивните деца во училиштето Владислав Рибникар во центарот на Белград.
Инаку, едно од девојчињата почина на денешен ден, пред точно една година, откако 12 дена се бореше за живот во болница.
Пред Вишиот суд во Белград продолжи судењето на родителите на малолетното момче кое минатата година изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“. Откако првообвинетиот, таткото на момчето, Владимир Кецмановиќ, заврши со излагање на одбраната и беше сослушан од обвинителството и од оштетените, денеска на ред е мајката на момчето, Миљана Кецмановиќ.
Таа во судницата се изјасни за невина и заврши со излагање на одбраната. Таа одговараше на прашањата на обвинителството и на бранителот, но рече дека нема да одговара на прашањата на претставниците на повредените семејства.
За случајот „Рибникар“ во тек е една кривична и пет граѓански постапки. Кривичниот предмет го покрена Вишото јавно обвинителство во Белград, а граѓанската постапка ја покренаа семејствата оштетни во масовното убиство. Разликата е во тоа што јавноста не смее да го следи судењето во кривична постапка, туку тоа е граѓански предмет.