В недела ќе се искачува Племна

73

Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в недела организира искачување до месноста Племна, на надморска височина од 1.359 метри.

Движењето ќе се одвива од последната автобуска станица во Бањани, поточно од чешмата во Бањани, во 7:30 часот по дел од зимската патека кон горни „Свети Илија“ и нагоре кон црквата „Св. Јован“ и лево покрај Слубички поток до месноста Племна и од таму надолу кон Радика на надморска височина од 1.245метри и Душановац на надморска височина од 1.225 метри и повторно назад по зимската патека кон Бањани.

– По патеката ќе се движиме во група и ќе правиме повеќе кратки паузи и една поголема пауза околу бачилото – соопштија од Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“.

Оттаму додаваат дека турата ќе биде средно тешка бидејќи има 900 метри висинска разлика и патеката ќе биде долга 20 километри во целост.

– За почетници планинари турата ќе биде екстра тешка затоа побавна група ќе се движи до „Свети Јован“ и назад – велат од Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“.

Во Бањани може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број 71 кој тргнува од Транспортен центар во 6.40 часот, додека автобус за назад има во 17 часот. Од опрема ќе ви бидат потребни разгазени гојзерици, облека во слоеви за заштита од студ, кабаница за заштита од дожд, стапчиња за помош при движење по патеката, храна и вода според своите потреби.

(А.П.)