Украина преговара со ЕУ за максимално зголемување на увозот на електрична енергија од земјите на Европската Унија со цел да се надомести производниот капацитет кој е уништен во руските напади, изјави денеска украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.
Галушченко рече пред украинскиот парламент дека Украина може технички да увезе дури 2.400 мегават часови електрична енергија, објави Ројтерс.
Шефот на Укренерг Володимир Кудрицки изјави за украински Телеграф дека 1.700 мегават часови е максимална количина која Украина може да ја увезе одеднаш.