Три земји денеска ќе објават официјално признавање на државата Палестина

78
EPA EFE MARISCAL

Трите земји денеска, како што е најавено, ќе го објават признавањето на палестинската држава, пренесува Гардијан.

Во среда, Ирска, Шпанија и Норвешка се очекува да ги објават плановите за формално признавање на палестинската држава и покрај израелските предупредувања дека признавањето „ќе го поттикне екстремизмот и нестабилноста“.

Тројцата лидери на ирската влада – премиерот Сајмон Харис, вицепремиерот Мајкл Мартин и министерот Имон Рајан, претпладнево треба да одржат прес-конференција. Тие претходно посочија дека владата ќе направи чекор кон признавање на палестинската државност до крајот на мај.

Националната јавна радиодифузија РТЕ и Ирш Тајмс објавија дека се очекува одлуката да биде објавена на прес-конференција.

И владата во Осло соопшти дека скандинавската земја ќе признае независна палестинска држава, објави јавниот сервис НРК и дневниот весник Афтенпостен.

„Гардијан“ пишува дека и шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе открие датум за формално признавање, откако минатата недела ја објави својата намера да го стори тоа.

Членките на ЕУ – Словенија, Малта и Шпанија во изминатиот период најавија оти планираат да признаат палестинска држава, наведувајќи дека решението за воспоставување на две држави е од суштинско значење за траен мир на Блискиот исток.