Сообраќајна несреќа со смртни последеици се случила денеска попладне во 14:25 часот на патот Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип.

Во сообраќајката загинале две лица, а едно е повредено, потврди и портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова. Таа посочи дека жртвите се на возраст од 40 и 64 години и се од Кочани и од Скопје.

  • На 20 април годинава на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со кочански регистерски ознаки управувано од А.Н. (40) од Кочани и патничко моточно возило „шкода“ со скопски регистраски таблички управувано од Б.Д. (66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д. (64) во шкодата. Констатирана е смрт од лекар на Итната медицинска помош Штип, пишува во соопштението од СВР Штип.

Оттаму информираат и дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.

Патот од Штип до клучката кај Крупиште од 17 часот е затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива по стариот регионален пат Штип-Кочани.