Беа забележани тензична атмосфера и комични моменти на мечот за титулата во руското женско одбојкарско првенство. Имено, Локомотив од Калининград води во полуфиналната серија против Динамо од Москва со резултат 3:2, а последниот меч меѓу нив изобилуваше со инциденти и имаше тензичен однос меѓу одбојкарите.

Одбојкарката на Динамо, Наталија Гончарова (34), ја прозва Ебрар Каракурт (24), која игра за Локомотив, да води сметка за своето воспитување. Иконата на руската одбојка и долгогодишна репрезентативка на оваа земја откри зошто ѝ покажа среден прст на противничката, во петтиот сет.

  • Мојата реакција дојде како резултат на постојаните провокации на Ебрар на теренот. Ова траеше во текот на целата серија меѓу Динамо и Локомотива, не само на последниот натпревар. Ваквото однесување на Каракуртова е, едноставно, грдо. Тоа е однесување на невоспитана личност – истакна Наталија Гончарова.

Русинката родена во Украина, која е светски и европски шампион, не застана тука.

  • Сакам да ѝ кажам на таа девојка да се грижи за своето воспитување и да покаже почит кон луѓето што доаѓаат на натпреварите и ја сакаат одбојката. Почитувањето на луѓето треба да биде најважно, не само во спортот туку и во целото општество – додаде Гончарова.