Со златоустовата литургија и празничната литија Богорoдица – цвет кој не венее, Гевгелија ги чествуваше светите Кирил и Методиј

203

Прославата по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј, Гевгелиското
архиерејско намесништво ја започна на 24 мај, најнапред со празничната Света
Златоустова Литургија, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, на која пееше Градскиот
мешан хор ГОРТИНИЈА, додека во 10,30 часот следуваше благословување на кумски
колачи и Водосвет.

Во 11.00 часот сите граѓани кои милуваа, заедно со уметниците на Ансамбл
Македонија и свештениците учествуваа во Литијата Богородица-Цвет кој не венее која
ја благослови Гевгелија.

Во 11,30 часот , црквата „Свети Кирил и Методиј“ и Дом на култура „Македонија“, во
дворот на Црквата организираа концерт на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА и настап на
мандолинскиот оркестар Полифонија.

Пред концертите за ликот и делото на сесловенските браќа говореше Жаклина
Атанасова, професор во СОУ „Јосиф Јосифовски“. Таа межу другото истакна:
„Светите Кирил и Методиј се едни од најважните личности во словенската, а со тоа и
во македонската, но и во европската историја. Нивното дело е револуција во
дотогашната светска мисла дека христијанството може да се проповеда само на три
јазици – еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

Тие успеваат со своите мисии да го внесат словенскиот јазик, создавајќи ја
глаголицата како писмо засновано на говорите од тогашното население од околината
на Солун.

„Свети Кирил и Методиј“ е македонска православна црква во Гевгелија. Црквата се
наоѓа во средишниот дел на Гевгелија, сместена на јужната страна на градското
шеталиште.

Во црквата се наоѓаат девет икони од познатиот македонски зограф Димитар Андонов
– Папрадишки. Воедно, црквата се одликува со голем и убав иконостас.

Подигната е во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на
источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото
каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во
1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.

Љ.А