Анализата на коските открила дека пред 5.500 години, за време на ритуално жртвување, древните локални жители врзале две жени и живи ги закопале, односно ги убиле на сличен начин како што тоа го прави денес италијанската мафија.

Антрополозите ја проучувале необичната положба на три женски скелети ископани во 1985 година на локација во градот Сен Пол-Троа-Шато и заклучиле дека двете жени најверојатно починале за време на тортура позната како „инкапретаменто“, при што вратот и глуждовите на една личност се врзани на тој начин што таа завршува да се гуши поради положбата на нејзините нозе.

Експертите, исто така, испитувале скелети од други археолошки локалитети низ Европа и откриле 20 други случаи на слични жртвени убиства. Практиката веројатно била релативно раширена во неолитот или во раното камено доба.

  • Наидовме на ист вид на жртви во различни делови на Европа. И тоа е многу сурова практика. Нема крв, никој не убил никого лично. Жртвите всушност се самоубиле“, изјави антропологот Ерик Крубези од Универзитетот Пол Сабатиер во Тулуз за „Си-Ен-Ен“.

Иако е невозможно со сигурност да се докаже дека жените на местото Сен-Пол-Троа-Шатоук умреле на самото место, нивната положба (поставени една врз друга) укажува дека тие биле намерно поставени и дека најверојатно умреле во гробот.