Промоција на книгата „Кривопаланечки староградски песни”

22

Во Центарот за култура Крива Паланка, утре во 20 часот ќе биде промовирана книгата за трајно сведоштво за негувањето и зачувувањето на градската музичка традиција во градот, „Кривопаланечки староградски песни”, од авторот Филип Додевски.

Во чест на промоцијата на првата книга за кривопаланечката староградска песна, ќе настапат КУЗ „Распеани паланчани“ и КУД „Осми октомври“.

Настанот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.