Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката /ФОТО

161

Според Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, годинашни добитници на престижната државна награда се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“

и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“(од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Наградата „Гоце Делчев“ првпат беше доделена во 1949 година, а прв добитник беше истакнатиот македонски книжевен културен работник академик поет прозеист есеист Блаже Конески.