Пристигнува оружје од САД во Украина во вредност од 275 милиони долари

27

Властите во Америка објавија дека ќе испратат оружје во вредност од 275 милиони долари за да и помогнат на Украина да ја одбие руската офанзива во близина на Харков.

Опремата е од американските воени залихи, а вклучува муниција за ракетниот систем Химарс, артилериски гранати, ракети и противтенковско оружје, соопшти американскиот Стејт департмент, додавајќи дека оружјето и е итно потребно на Украина.

Ова е петта помошна пратка одобрена од претседателот Џо Бајден откако Конгресот го усвои пакетот помош од 61 милијарда долари кон крајот на април.

Според државниот секретар Ентони Блинкен, се што досега е испратено од САД како помош за Киев, веќе е пристигнато на фронтот.