Поради дожд во Женева: Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Ханфман беше прекинат

135

Oсминафиналниот натпревар на турнирот во Женева меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Ханфман од Германија денеска беше прекинат поради дожд.

Мечот беше прекинат во првиот сет при водство на Ѓоковиќ со 5:3, во гем во кој сервираше и спаси четири брејк топки.

Тенисерите одиграа неполн половина час од мечот кога поради дождот мораа да одат во соблекувалната.

Натпреварот против Ханфман е прв натпревар за Ѓоковиќ на турнирот во Женева, бидејќи тој беше прв носител во првото коло.