По речиси 30 години поминати во бегство: Уапсен е 80-годишен Британец обвинет за злоупотреба на деца

305
Фото:британска полиција

Ричард Бароус, кој е во бегство речиси 30 години, беше уапсен минатата недела на аеродромот Хитроу во Лондон, откако се врати во Велика Британија од Тајланд.

Во 1997 година, овој 80-годишен маж не присуствуваше на почетокот на судењето за наводни сексуални престапи. Тој е обвинет за злоупотреба на деца во периодот од 1969 до 1981 година. Наводно злоставувањето се случило во еден од домовите за деца.

Обвинението против него има 13 точки. Тој при првото појавување во судот ги отфрли сите обвиненија против него, а на рочиштето во јуни годинава повторно ќе се изјасни за обвинувањето.

Властите сметаат дека апсењето на Бароус е значаен чекор напред во овој случај. Живеел во Тајланд, а неговата посета на Велика Британија била искористена за негово апсење, јавува Би-Би-Си.