Одбележани 159 години од раѓањето на Ѓорче Петров

348

Со пригоден настан во реонскиот парк, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа 2 април – Денот на раѓање на македонскиот херој, патронот и великан Ѓорче Петров.

-Голема е честа да го славиме животот на историски личности кои оставија значаен печат во македонската историја. Посакувам неговата љубов кон Република Македонија на сите да ни биде инспирација во годините што доаѓаат. Тоа, ќе не однесе на добар пат да работиме во континуитет за подобрување на нашето секојдневие и условите за живот на локално, централно и регионално ниво – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој додаде дека аманет ни е на сите од Ѓорче Петров и другарите, македонските херои, да бидеме неуморни кога станува збор за доброто на нашата татковина.

-И тоа ќе остане за навек. Великаните ги поставија постулатите, ние само треба да ги следиме.Неговите зборови ни се оставени на вечно чување, со аманет да не отстапуваме од нашите принципи и од желбата за борба. Ова се принципи и борби на модерното време. Урбано и модерно Ѓорче е нашата парола и за тоа се бориме во 21-виот век – потенцираше Стојкоски.

Тој повика во годините што доаѓаат, заеднички да придонесуваме за унапредување на нашата заедница.