НБА лигата му го зеде џепарлакот на Ентони Дејвис

79

Челниците на НБА лигата го казнија кошаркарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис со 50.000 долари, откако неговиот агент Рич Пол јавно побара неговиот клиент да биде трејдуван.

Според правилникот на најсилната лига во светот, на кошаркарите и нивните претставници им е забрането јавно да бараат промена на клубот.

Како што истакна Пол Рич во понеделникот за „ЕСПН“, Дејвис нема намера да го продолжи договорот со „пеликаните“, бидејќи посакува трејд по секоја цена, а со ваквата изјава беа прекршени правилата во НБА лигата. Истиот ден од страна на лигата беше покрената истрага поради спорната изјава, која беше окарактеризирана како „намера да се загрози договорната обврска на Дејвис со Њу Орлеанс“.

На крајот, одлучено е 25 – годишниот центар да биде казнет со 50.000 долари, што во суштина не се ништо во однос на тоа што го заработува. Тој за оваа сезона ќе земе плата од 25 милиони долари, па оние 50.000 му служат како џепарлак.

Поради повреда на прстот на левата рака, Ентони ги пропушти последните натпревари на Њу Орлеанс, но неговото враќање се очекува оваа недела.

Рокот за трејдови во најсилната лига во светот истекува на 7 февруари.

Резултати: Кливленд – Вашингтон 116:113, Детроит – Милвоки 105:115, Орландо – Оклахома 117:126, Бруклин – Чикаго 122, 117, Хјустон – Њу Орлеанс 116:121, Сан Антонио – Феникс 126:124, ЛА Лејкерс – Филаделфија 105:121.