Нобеловецот Абдулразак Гурна, добитник на наградата „Иво Андриќ“

54

Танзанискиот писател и нобеловец Абдулразак Гурна е годинешниот добитник на наградата за животно дело „Иво Андриќ“ што ја доделува Институтот Андриќ, соопштено е.

Членот на жирито Мило Ломпар рече дека во книжевна смисла, Гурна има сличност со Андриќ, што се рефлектира во испреплетениот свет на култури, религии и традиции.

Освен тоа, во раскажувањето на Гурна се појавуваат занаети и вештини, односно еден вид рачна работа.

Во поттекстот на постапките на неговите ликови се појавува свет на неочекувани претчувство, навестувања и чувство на страв, кое игра формативна улога.

Според Ломпар, во делото „Рај“ има елемент на едукативен роман, кој во европската традиција е познат како роман на растењето.

Директорот на Институтот Андриќ, Емир Кустурица, рече дека е голема радост кога заедно со името на Иво Андриќ полека се додаваат и имињата на луѓе кои се покажуваат како големи писатели „кои нè прават среќни додека ги читаат нивните книги“.

Според него, Големата награда „Иво Андриќ“ е единствената во Србија што се доделува на странци, а не само на писатели кои пишуваат на српски и на „други јазици кои потекнуваат од српскиот“.

Кустурица се осврна на темата за колонизација што Гурна ја обработува во своите дела, велејќи дека во неговата литература има разјаснување на идејата за колонизаторот и локалното население во развој.

„Мислам дека Африканците се многу поотпорни од нас затоа што имаат повеќе простор и затоа што тоа жар кон животот го третира животот на пагански начин и на некој начин дојде до овој момент со долга традиција на угнетување и понижување и идеја за иднина која не мора да биде светла или темна, но која секако ќе биде поинаква пред да ни се осветли тој пат кај Гурна“, рече Кустурица.

Во 2021 година Гурна ја доби Нобеловата награда за литература, по што неговите дела станаа популарни ширум светот, а освен 10 романи, објави и раскази и есеи.

Неговите романи „Напуштање“, „Покрај морето“, „Рај“ и „Животот по животот“ се преведени на српски јазик.