Meчка хараше слободно во Словачка: Убиена е откако поради неа загина жена, а петмина се повредени/ВИДЕО

581

Министерот за животна средина соопшти дека кафеава мечка, која повреди пет лица во град во Словачка, е убиена. За жал, една жена починала кога паднала од карпа без да погледне каде оди, за да се заштити од мечката која ја гонела.

Потрагата по мечката траела десет дена, а животното било пронајдено вчера во локалната шума.

Словачката влада сака поголема слобода за намалување на популацијата на мечки со селективно убивање.

За идентификација на мечката се користени дрон и биометриска технологија, изјави министерот за животна средина, Томас Тараба.

Тој во објава на Фејсбук им се заблагодари на сите кои учествуваа во операцијата.

Минатата недела, татко и син се возеа со своите велосипеди по прометниот пат во словачкиот град Микулас Липтовски, не сфаќајќи дека ќе се соочат лице в лице со шумскиот ѕвер.

Минатата недела беше прогласена состојба на зголемена будност, во која полициските сили интензивно трагаа по животното.

На почетокот на овој месец на YouTube се појави видео од мечка како трча низ градот.

На едно видео се гледа напад на маж, а во нападот на мечката се повредени вкупно пет лица, меѓу кои и 10-годишно девојче.

Татјана (31) од Белорусија почина во петокот во Демановската долина во Ниските Татри, Словачка. Таа паднала од карпа откако неа и нејзиниот пријател Константин ги бркала мечка.