Луис Хамилтон, покрај актуелниот шампион Макс Верстапен, веќе со години е главна ѕвезда во Формула 1 шампионатот, па токму поради тоа вниманието кон него е ставено на максимум. Овој пат, островските медиуми открија зошто Британецот постојано ја држи левата рака на врвот на воланот, што на многумина не им беше јасно со години. Но, се чини дека конечно е откриена вистинската причина и дека мистеријата која трае долго време е разрешена.

Почетокот на новата сезона во Формула 1 за Луис Хамилтон е вистински кошмар, а сигурно е дека Британецот веќе со нетрпение го очекува нејзиниот крај по која ќе се пресели во редовите на Ферари.

И минатиот викенд продолжи очајот на Мерцедес, бидејќи Луис Хамилтон не успеа да ја заврши трката поради дефект на својот болид. По настапот во Австралија изјави дека ова е убедливо најлошиот старт на сезоната во неговата кариера, а јасно е дека едвај го чека крајот бидејќи и оваа сезона Мерцедес е далеку под конкуренцијата.

Веќе е познато дека Хамилтон од следната сезона ќе го гледаме во болидот на Ферари, а сигурно ќе биде интересно да се види дали ќе успее да се врати на врвот од кој го симна Макс Верстапен, кој моментално доминира во овој спорт веќе три години.

Што се однесува до Хамилтон, тој го направи истото на стартот во неделата, односно ја задржа левата рака на врвот на воланот. Британецот почна да го прави ова пред пет години, а многу луѓе не разбраа што значи тоа.

Останатите возачи го држат воланот со двете раце на предвиденото место, но Луис сепак ја има левата рака над него. Иако претходните години се појавија многу теории, се чини дека сега се знае зошто го прави тоа. Имено, според сè, Хамилтон на стартот ја држи левата рака на врвот на воланот за случајно да не префрли во помала брзина додека менува брзини на самиот старт на трката.

За ова зборуваше и механичарот на Мерцедес, кој објасни дека Хамилтон не дозволува никакви грешки, без разлика на малите шанси да се случат, но ова е само показател дека Британецот навистина размислува за сè.

Хамилтон ја става левата рака помеѓу воланот и рачката на менувачот, која ја користи за да ја префрли во помала брзина, а со тоа нема шанси да ја префрли во помала брзина при стартот. Тој ја држи десната рака на предвиденото место и со истата ја менува брзината, а веќе кога ќе почне да сопира пред првата кривина, Хамилтон ја враќа левата рака во стандардната положба.

Интересно е што тој е единствениот на гридот кој користи ваква тактика, додека никој од останатите возачи нема навика да ја држи левата рака помеѓу воланот и рачката на менувачот. Ова е она што Луис почна да го практикува кон средината на 2019 година, а со години многумина сè прашуваа зошто го прави тоа. Сега, таа дилема е решена, а ќе видиме дали истото ќе го прави и во болидот на Ферари.