Mицкоски: Советничката листа предводена од Ангел Карапетров е обединувачка за модерно и современо Тетово

63

Со средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и предложените кандидати во Тетово партијата ја започна изборната кампања за вонредните локални избори на 20 август при што се ќе се избираат нови општински советници. Партискиот лидер Мицкоски посочи дека очекуваат во оваа кампања граѓаните да кажат гласно Не на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ.

-Очекуваме листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ да апсолутно освои повеќе советници од таа што беше бројка до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори кои што ги користат нашите сограѓани. Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. И ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат не односно ќе гласаат против коалицијата на СДСМ и ДУИ, посочи Мицкоски.

Тој смета дека тие што ќе гласааат за ново, модерно и современо Тетово ќе гласаат за советничката листа ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Карапетров.

-Јас сум убеден дека тоа ќе биде листата која што ќе направи многу за граѓаните овде во Тетово, и тоа е листата која што ќе треба да покаже еден обединувачки карактер односно граѓаните во Тетово, овде да се обединат. Бидејќи само на тој начин можат нивните права презентирани и репрезентирани од страна на преставници во Општина Тетово на ниво кое што тие очекуваат. Свесен сум дека ќе постојат и други кои што ќе сакаат да го фрагментираат гласачкото тело овдека во Тетово, но убеден сум дека граѓаните ќе бидат над таа ситуација, ќе го препознаат квалитетот и ќе го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски од Тетово.