Кошаркарите на Пелистер во драматичен финиш извојуваа победа во АБА2 лигата, петта за нив оваа сезона, откако славеа со 73:72 над Борац од Бања Лука со тројка во последната минута која ја постигна Александар Костоски.

Најефикасен кај македонскиот претставник беше Јуре Планиниќ со 21 поен, а придодаде и 15 скок зад своето име, додека херојот Костоски запиша 14 коша.

Со оваа победа Пелистер остана во игра за плејофот, а клучниот меч го игра в четврток против директниот ривал за плазман во завршницата, екипата на Подгорица.