ДИК: Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници

54

Денеска на 3480 гласачки места во 80 општеини на територијата на Македонија право на глас имаат 1814317 гласачи, за претседателските избори, а за парламентарните избори 181535о гласачи.

До 9 часот од пристигнатите податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 1009 ИМ од вкупно запишани 547041 гласачи на овие избирачки места гласале  22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност за претседателските избори има во Пробиштип – 8, 85%, а најмала излезност е во Боговиње 0,57%. Споредбено со вториот круг од претседателските избори од 2019 година имаме намалување на излезноста од 1,99 на овие избори, соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.

До 9 часот пристигнати се податоци за излезноста на парламентарните избори од 1033 избирачки места, од вкупно запишани 564780 гласачи. На овие избирачки места гласале 25132 односно 4, 45%. Најголема излезност во моментов за парламентарните избори има во Кривигаштани 9,46%, а најмала излезност за парламентарните избори е во Боговиње 1,43%.

-Споредено со парламентарните избори во 2020 година имаме намалување од 0,74% на овие избори. Излезноста на парламентарните избори по изборни единици на овие избори е следна: ИЕ1 – 4,85% ИЕ2 -3,64%, ИЕ3 – 6,26%, ИЕ4 – 5,52%, ИЕ5 – 4,41% и ИЕ6 – 2,24%, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК нагласи дека имало технички проблеми во одредени изборни места по што гласањето таму продолжило без фингерпринт опремата туку по стариот начин со УВ лампа и спреј.