ПСЖ го дефинира наследникот на Мбапе

195
epa10348347 Kylian Mbappe of France celebrates scoring the 3-0 goal during the FIFA World Cup 2022 round of 16 soccer match between France and Poland at Al Thumama Stadium in Doha, Qatar, 04 December 2022. EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Раководството на ПСЖ интензивно е во потрага по играч кој ќе биде директна замена за Килијан Мбапе, кој на крајот од сезоната го напушта Париз и кариерата ќе ја продолжи во друга земја.

Сите очекуваат дека негова следна дестинација ќе биде Реал (М), но секако секогаш се можни изненадувања бидејќи има други клубови кои се обидуваат да го „намамат“. Секако, сето тоа е многу тешко бидејќи кога Реал (М) ќе испрати понуда тешко дека може да се одбие.

Како што стојат работите, раководството на ПСЖ го дефинира играчот кој сака да го доведе како директна замена за Мбапе, а тоа е напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз.

Освен Дијаз, на списокот на играчи кои ПСЖ сака да ги доведе во следниот преоден рок има уште неколку фудбалери.

Репрезентативецот на Колумбијаз дојде во Ливерпул од Порто на почетокот на 2022 година за 40 мил. евра. Оваа сезона одигра 38 натпревари на кои постигна 11 погодоци и забележа пет асистенции.

Инаку, Дијаз зад себе имаше многу тежок период. Познато е дека неговиот татко бил заробен 13 дена бидејќи бил киднапиран во Колумбија, но на крајот бил ослободен и тој се вратил дома жив и здрав.