Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Карапалевски ќе го напушти тимот на Вардар по крајот на оваа натпреварувачка кампања и ќе го облече дресот на шпански Валјадолид. Со тоа, тој ќе им се придружи на двајца Македонци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, а овој вториот си заминува по сезонава и се сели во Аликанте.
Договорот на Мартин со Валјадолид е на две години со опција за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.