Фудбалски репрезентативец славеше титула, па пијан се заби во бензинска пумпа: Со 1,84 промили, тешко повредил жена

270
Фото: X Tendencias en Argentina

Возењето под дејство на алкохол никогаш не е добра идеја, особено кога некој е “мртов“ пијан како што беше случајот со уругвајската ѕвезда Тиаго Паласиос.

Под силно дејство на алкохол репрезентативецот на Уругвај до 23 години предизвика сообраќајна несреќа во Буенос Аирес. По сообраќајната несреќа утврдено е дека имал 1,84 промили алкохол во крвта, а сето тоа се случило неколку часа откако неговиот Естудијантес го освоил аргентинскиот Лига Куп.

Паласиос удрил со својот автомобил во една од бензинските пумпи и повредил една жена што работела таму. Таа се здобила со тешка повреда на ногата, но нејзиниот живот не е загрозен. Паласиос потоа бил уапсен и цела ноќ поминал во полиција каде се чека понатамошна постапка.

Количината на алкохол во крвта била четири пати поголема од дозволената граница.

Фудбалерот немал никакви повреди.