Фицо е во вештачка кома

490
EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Словачкиот премиер Роберт Фицо се наоѓа во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран откако беше ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Фицо бил застрелан кога по средбата излегол да ги поздрави насобраните граѓани.

Напаѓачот на Фицо беше уапсен откако испука неколку куршуми кон словачкиот премиер.

Операцијата на словачкиот премиер Роберт Фицо траела околу 3 часа и 40 минути, објави словачката ТВ Таз повикувајќи се на извори и дека Фицо по операцијата бил ставен во индуцирана кома, во која ќе биде во следните 24 часа. Според телевизијата неговата состојба е критична, изгубил многу крв. Според соопштението, најважните артерии на словачкиот премиер не се оштетени.