Речиси 7 проценти од увезените производи во Европската унија се фалсификувани, поради што европските компании губар милијарди евра поради тоа. Или на годишно ниво, станува збор за сума од 15 милијарди евра

– Хрватската Царинска управа лани регистрирала влез на 635 фалсификувани производи со вредност од над 4 милиони и 200 илјади евра – јави ХРТ.

Истражувањето на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија покажува дека само 9 отсто од Хрватите претпочитаат да изберат копија. Финците имаат најмала веројатност да купат плагијат. Просекот на Европската унија е 13 отсто, а фалсификатите најмногу се купуваат во Бугарија, Шпанија, Ирска и Луксембург.

Купувачите често наоѓаат стока на интернет, главно несвесни дека прават прекршок со купување фалсификувана стока. Потрошувачите купуваат фалсификувани производи главно затоа што оригиналот им е прескап. Третина од Европејците го сметаат овој мотив за прифатлив, меѓу младите овој удел се искачува на 50 проценти.

– Кога станува збор за фалсификувани производи, откривме дека 5,8 отсто од вкупниот увоз во Европската унија се фалсификувани стоки, што е 120 милијарди евра годишно. Тоа не го прават аматери, туку професионални организации – вели Нејтан Вајсман, главен економист во Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост.

Истражувањето покажува и дека за секој трет Европеец е прифатливо да се купува лажна стока доколку цената на оригиналот е превисока, а така мислат дури половина од потрошувачите на возраст од 15 до 24 години.

Главниот извор на фалсификати и понатаму е Кина. Тука спаѓаат модни додатоци, луксузни производи, компјутери, козметика, лекови… Лекови никогаш не купувајте онлајн, бидејќи состојките не се проверени. Не може да се знае бројот на фалсификати на пазарот. Тоа е сива бројка.