ЕДЕН МРТОВ, ДРУГИ СЕРИОЗНО ПОВРЕДЕНИ: Ужасни сведоштва на патници во Боингот за време на страшните турбуленции/ВИДЕО

1170

Патникот кој денеска загина на летот на Сингапур ерлајнс од Велика Британија е 73-годишен Британец, потврдија тајландските власти.

Околу 11 часа по летот од полетувањето во Лондон, авионот влегол во воздушен џеб и неговата брзина наеднаш паднала за 20 јазли, предизвикувајќи хаос во кабината и принудувајќи го на итно слетување во Бангкок.

Преплашените патници опишаа како добиле предупредување да се врзат пред авионот ненадејно да пропадне, а еден патник рекол дека луѓето се удриле со главата во таванот на авионот кога почнал да паѓа.

Од 211 патници и 18 членови на екипажот во Боингот 777, едно лице загина, а 23 се повредени. Од нив, официјалните лица рекоа дека седуммина претрпеле сериозни повреди на главата.

Генералниот директор на аеродромот Суварнабхуми Китипонг Китикачорн, на прес-конференција изјави дека починатиот е 73-годишен Британец кој патувал со неговата сопруга.

Тој најверојатно доживеал срцев удар, изјави службеникот.