Брижит Макрон сподели „вагина“ меме – и го препратила Карла Бруни: Првата дама на Франција ќе се појави во серија?/ВИДЕО

510

Првата дама на Франција вчера се појави на снимањето на популарната серија „Емили во Париз“.

Во тек е снимањето на четвртата сезона на популарната серија „Емили во Париз“. Брижит Макрон и се придружи на актерската екипа и изненадно се појавува во претстојната епизода. На снимањето беше и главната актерка на продукцијата на Нетфликс, Лили Колинс.

Брижит Макрон носеше фантастичен комплет, како микс на модерен и покласичен стил, салонки со високи потпетици и соодветна чанта. Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон е обожавателка на ТВ приказната „Емили во Париз“.

Меме „вагина“
Во претходните сезони, публиката го следеше подемот во кариерата на главниот лик Емили, кој го игра Лили Колинс. Како маркетинг директор, хероината се обиде да се вклопи во компанијата работејќи на кампања за Vaga-Jeune. Откако откри дека францускиот збор за вагина, le vagin, е во машки род, Емили го сподели своето разочарување на интернет, а објавата на крајот ја сподели и Првата дама на Франција.

Всушност, италијанско-француската пејачка и модел, Карла Бруни, која беше во брак со поранешниот француски претседател Никола Саркози, го препратила мемето до Брижит, која потоа ја сподели објавата на нејзиниот профил, пишува Дејли мејл.

Хаос на улиците
Серијата има голем број обожаватели, но и критичари во Франција, особено во Париз, од самиот почеток.

Минатиот месец парижани пишуваа графити низ градот, односно на локациите каде се снима серијата. Имено, обожаватели од различни делови на светот доаѓаат во Париз и се фотографираат пред местото каде се снимале кадрите од ТВ приказната. Тие одат во продавницата за чевли на плоштадот, каде што е станот на Емили, како и во ресторанот каде работи главниот машки лик Габриел (Лукас Браво).

На кафулето на таа улица пишува: „Емили не е добредојдена“ протестирајќи против напливот на навивачи кои ги вознемируваат жителите на Париз. Овие посети ги нарекуваат дури и „инвазии на морони“, пишува Дејли Мејл.

Парижаните велат дека туристите поради серијата имаат нереални и премногу романтични очекувања од Франција.

@alexisrosetalent Emily not welcome 🙅‍♀️ #emilyinparis #paris #traveltok #traveltiktok ♬ Happy Day in Paris – French Cafe 24 x 7